Трамп на молитвениот појадок: Не можете да бидете среќни без религија, вратете го Бог во вашите животи

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на традиционалниот молитвен појадок во Вашингтон изјави дека го променил својот став кон религијата откако преживеа два обиди за атентат и ги повика Американците „да го вратат Бог“ во нивните животи.
На церемонијалниот собир во американскиот Конгрес, кој повеќе од 70 години ги собира пратениците и од демократите и од републиканците за да промовираат единство, Трамп рече дека „вистински верува“ дека луѓето „не можат да бидат среќни без религија и верување“.
Трамп се осврна на минатогодишниот обид за атентат во Пенсилванија, кога куршум му го зафати увото и за малку ќе го убиеше, велејќи дека „се чувствува како тоа да сменило нешто во него“.
-Се чувствувам уште посилен. Верував во Бог, но се чувствувам многу посилен поради тоа. Нешто се случи, рече Трамп, и подоцна на настан во рамките на молитвениот појадок во блискиот хотел додаде дека „Бог го спасил“.
Трамп на Капитол Хил рече дека верската слобода е „дел од основата на американскиот живот“ и повика на „апсолутна посветеност“ за нејзина заштита.
Ново на Сител
-

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, се очекува реизбор на Мицкоски
-

Без вода денеска дел од Пинтија
-

Најмногу дожд во Маврови Анови
-

КФОР: Засилени активности во поддршка на безбедноста низ Косово
-

Заштитниот саркофаг во Чернобил е оштетен од дрон, не ги исполнува безбедносните функции
-

Орбан: ЕУ се дави во корупција
-

Претседателот на Собранието Гаши учествува на Доха Форумот 2025
-

Облачно, насекаде со дожд, магла во котлините
