Трамп на митинг дојде во камион за ѓубре: Ова е во чест на Камала и Бајден
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, по навредливата изјава на претседателот Џо Бајден за неговите поддржувачи, кои ги нарече „ѓубре“, синоќа на еден од последните митинзи пред изборите, во Висконсин оддржа говор во флуоросцентен елек каков што носат ѓубреџиите, а на самиот настан допатува со камион за ѓубре.
„Како ви се допаѓа мојот камион? Тоа е во чест на Камала и Џо Бајден“, им рече Трамп на новинарите.
На митингот, тој потоа им се обрати на поддржувачите: „Морам да почнам со тоа што ќе реќам дека 250 милиони Американци не се ѓубре“, рече тој, осврнувајќи се на изјавата на Џо Бајден – која, како што подоцна се обиде да објасни, била гаф, поддржувачите на Трамп ги нарече – „ѓубре“.
Бајден пред два дена зборуваше за комичарот од митингот на Трамп во Медисон Сквер Гарден кој Порторико го нарече „пловечки остров на ѓубре“.
„ Па, дозволете ми да ви кажам нешто. Порториканците што ги знам се добри, пристојни, чесни луѓе“, рече Бајден на настанот, кој беше организиран за дополнително да ги охрабри гласачите да излезат на гласање и да ја поддржат Камала Харис.
„Единственото ѓубре што го гледам како лебди таму се неговите поддржувачи. Неговото демонизирање на Латиноамериканците е несовесно и неамериканско“, продолжи Бајден.
Белата куќа брзо се обиде да ја минимизира штетата.
Портпаролот Ендрју Бејтс рече дека Бајден мислел на „реториката со омраза“ на митингот во Њујорк, а не на поддржувачите на поранешниот претседател.
Набрзо и самиот Бајден се огласи на социјалните мрежи.
„Претходно денес, ја нареков ѓубре реториката полна со омраза за Порторико што ја исфрли поддржувачот на Трамп на неговиот собир во Медисон Сквер Гарден – што е единствениот збор што можам да се сетам за да го опишам.
Неговото демонизирање на Латиноамериканците е несовесно. Тоа е се што сакав да кажам. Коментарите на тој митинг не не одразуваат кои сме ние како нација“, напиша тој на X.
Ново на Сител
-
Над 250 албански интелектуалци во Северна Македонија со отворено писмо до Уставниот суд
-
Одложено градското дерби Евертон – Ливерпул
-
Фонсека ги обвини судиите за поразот од Аталанта
-
Аталанта победи на девет натпревари по ред во Серија А, повторувајќи го рекордот од пред четири години
-
Ужас во Хаг: Зграда се сруши при експлозија, 20 луѓе се заробени во урнатините
-
ДУИ: Прекинете ја оваа лудост, последиците ќе бидат незамисливи
-
Ја давел за врат, па ја удирал со тупаници и ја кубел за косата - поднесено обвинение
-
Во Маврови Анови и Попова Шапка 40 сантиметри снег, најмногу дожд во Крива Паланка и Виница