Трамп му честиташе на Путин, можна е лидерска средба
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска му честиташе на Владимир Путин за победата на претседателските избори во Русија.
Теми на кои разговарале во телефонскиот разговор Трамп и Путин беа понатамошните контакти помеѓу Русија и САД, вклучително и средба на двајцата лидери, како и за ситуацијата во Сирија, во Украина и на Корејскиот Полуостров.
- Генерално, разговорот беше конструктивен и деловен, со фокус на надминување на проблемите кои се насобрани во руско-американските односи. Двете страни се согласија да ги развиваат билатералните контакти, помеѓу другото и во контекст на смените во американскиот Стејт департмент. Посебно внимание беше посветено на прашањето за евентуален состанок на високо ниво, наведува прес службата на Кремљ.
Во соопштението се потенцира и значителниот брз напредок во решавањето на кризата во Сирија и во Украина.
Путин и Трамп се согласија и дека треба да се користат само мирни начини за намалување на тензиите на Корејскиот Полуостров.
- Двете страни изразија задоволство поради намалување на тензиите на Корејскиот Пплуостров и ја истакнаа потребата за понатамошни доследни напори со цел рашавање на ситуацијата со мирни, дипломатски средства, потенцира Кремљ.
Во телефонскиот разговор исто така беше истакната потребата за координирање на напорите со цел да се ограничи трката во вооружување и да се обезбеди стратешка стабилност.
Ново на Сител
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори
-
Променливо време со дожд и во наредните денови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра