Свет
1. December 2017 - 13:29

Трамп може да го признае Ерусалим за главен град на Израел

 Претседателот на САД, Доналд Трамп размислува да го признае Ерусалим за главен град на Израел, изјави неименуван претставник на американската администрација.

Тој наведе дека таквата одлука, која може да предизвика тензии на Блиски Исток, може да биде донесена следната недела.

Во исто време се очекува Трамп повторно да ја пролонгира одлуката за дислоцирање на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим. Тој во предизборната кампања вети преместување на Американската амбасада.