Трамп: Мојата посета на Лондон беше најинтересен настан за кралицата во последниве 25 години
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата неодамнешна посета на Лондон претставувала најинтересен настан за британската кралица Елизабета Втора во изминативе 25 години, објави лондонскиот весник „Мирор“.
– Имаме одличен однос, се смеевме и се забавуваме. Нејзините луѓе велат дека не се забавувала толку во изминативе 25 години. Тогаш ме критикуваа затоа што рекоа дека премногу се забавуваме – изјави Трамп во гостување во емисијата „Фокс и пријателите“ на телевизијата Фокс.
„Мирор“ посочува дека во изминативе 25 години кралицата Елизабета одбележа златен и дијамантски јубилеј, ги прослави свадбите на своите внуци и раѓањата на правнуците, посети многу држави и се сретна со голем број лидери, но, како што нагласува, според Трамп, таа никогаш не се забавувала како за време на неговата посета.
Ново на Сител
-
Ковачевски: На СДСМ му е зададен тежок удар
-
ДИК: Силјановска Давкова со повеќе од двојна предност пред Пендаровски
-
Димитриевски: Повеќе нема да живееме во црно-сив свет, честитам на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силјановска Давкова: Наградата е непроценлива за мене
-
Обработени 82,38% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати
-
ДИК: Обработени 81,87% од гласовите - Силјановска Давкова 449.481, Пендаровски 202.865
-
ДИК: Обработени 80,05% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 341.255 - СДСМ 117.076
-
Касами: Од утре почнуваат преговори помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН