Трамп: Мојата администрација работи како часовник, медиумите лажат
Американскиот претседател Доналд Трамп, на својата прва самостојна прес конференција во Белата куќа, порача дека неговата администрација функционира беспрекорно, но дека медиумите шират „приказни за хаос“.
-Мојата администрација функционира како подмачкана и покрај фактот дека имам потешкотии со одобрување на изборот за членови на кабинетот, рече Трамп, пренесоа американските медиуми.
Тој, меѓутоа, наведе дека, кога ќе го вклучи телевизорот или ќе ги отвори весниците, гледа „приказни за хаос“, додека вистината е „токму спротивна“.
Трамп ги критикуваше американските медиуми како нечесни, додавајќи дека тие служат за специјалните интереси и на луѓето кои имаат корист од тоа што го нарече „очигледно уривање на системот“, пренесоа француските медиуми.
-Медиумите станаа толку нечесни што, ако за тоа не зборуваме, на американскиот народ му правиме огромна лоша услуга, рече американскиот претседател.
Тој, исто така, укажа дека САД се соочуваат со серија проблеми дома и надвор од границите, истакнувајќи дека наследил „општ метеж“.
Според него, бизнисите „истекуваат “ од САД во Мексико и другите земји, додека огромна нестабилност има во прекоморските области.
-Да бидам искрен, наследив вистински метеж, дома и надвор од границата, истакна Трамп.
На прес конференцијата во Белата куќа Трамп најави дека следната недела ќе издаде нова извршна уредба за имиграцијата.
-Ќе издадеме нова и сеопфатна уредба со цел да се заштити нашиот народ, порача Трамп.
Тврдењата дека членови на неговиот предизборен тим повеќе пати биле во контакт со руските претставници, Трамп ги отфрли како „лажни вести“.
-Тие за тоа не знаат ништо. Не биле во Русија. Никогаш телефонски не се јавиле во Русија. Никогаш не примиле повик од Русија. Се се тоа лажни вести, нагласи Трамп.
Ново на Сител
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани