Трамп: Мислам дека имам договор со Путин и со Зеленски за решавање на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува дека има мировен договор со Русија и со Украина.
Претседателот посочи дека договорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски “виси во воздух“, но посочи дека договорот е блиску.
„Мислам дека Русија е подготвена и многу луѓе рекоа дека Русија сака да се заврши целата работа. И мислам дека имаме договор со Русија. Мораме да постигнеме договор со Зеленски“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.
„Мислев дека можеби е полесно да се справам со Зеленски. Досега беше потешко… Но, мислам дека имаме договор со двајцата. Се надевам дека ќе го направат тоа“, рече Трамп.
Запрашан за предлогот на САД претставен на Украина, според кој Крим ќе биде признаен како де јуре руска територија, Трамп не се осврна директно на ова прашање, нагласувајќи дека „нема фаворити“ меѓу Украина и Русија и дека само сака војната да заврши.
Американскиот претседател рече дека наскоро може да се сретне со Путин по патувањето во Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати.
На прашањето дали може да се сретне со Путин во Саудиска Арабија, Трамп рече дека тоа е можно, но малку веројатно.
Трамп синоќа нагласи дека изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Киев не може да го признае отцепувањето на Крим е „многу штетна за мировните преговори со Русија“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се фали на насловната страница на „Волстрит џурнал“ дека „Украина нема законски да ја признае окупацијата на Крим. Нема за што да се зборува“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social.
Според него, таа изјава е многу штетна за мировните преговори со Русија, имајќи предвид дека Крим „е изгубен пред неколку години под покровителство на претседателот Барак Хусеин Обама“ и не е ни тема за разговор.
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
