Трамп: Макрон направи чудесна работа на изборите

Американскиот претседател Доналд Трамп го пофали францускиот колега Емануел Макрон на нивната прва средба во Брисел, честитајќи му ја изборната победа.
- За мене е голема чест да бидам со новоизбраниот претседател на Франција, кој спроведе неверојатна кампања и постигна огромна победа. Насекаде го кажувам тоа. Ние имаме многу прашања за разгледување, вклучувајќи го тероризмот. Честитки. Чудесна работа, истакна Трамп за време на работниот ручек со Макрон во Брисел.
Иако американскиот претседател не зазеде став во француската изборната кампања, некои негови изјави беа протолкувани дека тој повеќе би сакал победа на кандидатката на екстремната десница Марин Ле Пен.
Неколку дена пред изборите, Трамп оцени дека нападот на Елисејските полиња во Париз, за што одговорност презеде џихадистичката група Исламската држава (ИД), ќе има големи импликации и „веројатно ќе и помогне“ на Марин Ле Пен.
Макрон, од своја страна, нагласи дека со Трамп ќе разговараат за многу теми, како што е борбата против тероризмот, економијата, климатските промени и енергетиката.
- Јас сум многу среќен што сум со претседателот Трамп, изјави Maкрон.
Двајцата лидери се сретнаа во американската Амбасада во Брисел, каде пред влезот Макрон го пречекаа Трамп и неговата сопруга Меланија
Како што јави дописникот на МИА од Париз, на краткото појавување пред новинарите двајцата претседатели се ракуваа невообичаено долго.
Американскиот претседател не одговори на новинарско прашање за протекувањето на детали од истрагата за нападот во Манчестер во американските медиуми, кои ја поткопаа соработка меѓу разузнавачките служби на Велика Британија и САД.
- Прва конструктивна и директна средба со претседателот Трамп, објави Макрон на Твитер веднаш по средбата
Ново на Сител
-

Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
-

Македонската економија пораснала за 3,8%
-

Министерката Јаневска во инспекција во студентскиот “Стив Наумов” по обвунувањата дека домот се распаѓа
-

Од 1 мај ќе се лета од Скопје до Тиват, со автопатот Скопје - Блаце побрз пристап до пристаништето Бар
-

Хакерски напад тежок 6,3 милијарди долари, најголем во историјата на криптовалутите
-

Од полноќ изборен молк за Брвеница
-

СДСМ обвинува за сомнителни банкарски трансфери
-

Народна банка: Сомнителните трансакции ќе бидат предмет на проверки
