Трамп: Ким Џонг-ун вистински ќе зажали доколку го нападне Гуам

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун целосно ќе ја разбере сериозноста на предупредувањето кон Пјонгјанг да не презема воени дејствија против САД или нивните сојузници.
- Се надевам дека целосно ќе ја сфатата сериозноста на она, што го кажав, рече Трамп пред новинарите во приватен голф клуб во Њу Џерси.
- Тие зборови се лесни за разбирање. Ако тој стори нешто против Гуам или друга американска територија или некој сојузник на САД, тој вистински ќе зажали, истакна Трамп.
Пјонгјанг претходно оваа недела објави дека разработува план за извршување ракетни напади врз американската територија во Тихиот Океан, островот Гуам до средината на овој месец. Планот ќе му биде претставен на Ким Џонг-ун, кој ќе донесе одлука дали ќе го реализира.
Трамп ги омаловажи критиките на германската канцеларка Ангела Меркел во однос на неговата реторика за Северна Кореја. Меркел се огласи против ескалацијата на војната со зборови меѓу Вашингтон и Пјонгјанг и изјави дека не гледа воено решение за конфликтот околу Северна Кореја.
- Меркел е мој мошне добар пријател. Можеби таа говори за Германија, со сигурност не говори за САД, рече Трамп.
Ново на Сител
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
-

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп
-

Приведен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино
-

Русија и Украина меѓусебно напаѓаат енергетски објекти, стотици илјади потрошувачи без струја
