Трамп ја предлага Ерика Шварц за директор на националниот Центар за контрола и превенција на болести

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе ја номинира Ерика Шварц за функцијата директор на Центарот за контрола и превенција на болести (CDC), во рамки на предвидените кадровски промени во националното здравство.
Шварц во периодот на КОВИД-епидемијата ја извршуваше функцијата заменик-главен државен инспектор за здравство и беше дел од Координативното тело за справување со епидемијата.
Доколку биде потврдена нејзината номинација, таа ќе раководи со Агенцијата одговорна за следење и реагирање на закани по јавното здравје. Директорот на Агенцијата со седиште во Атланта има клучна улога во креирањето на политиката за вакцинација во САД.
Шварц ќе одговара пред министерот за здравство, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, кој е познат по своите ставови за вакцините што честопати се спротивни на одредени кругови во научната фела.
Во претходниот период Трамп ја разреши тогашната директорка на Центарот, Сузан Монарес, по несогласувања околу предложените промени во вакциналната политика.
Анкетите покажуваат дека дел од јавноста не ги поддржува реформите поврзани со вакциналниот календар.
МИА
Ново на Сител
-

Протести во Чешка во знак на поддршка на неависноста на јавниот сервис
-

Бројот егзекуции во светот во 2025 достигнал рекордно ниво за последните 44 години
-

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија, денеска ќе има средба со претседателката Пирц Мусар
-

Дел од општина Центар денеска без вода
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
