Трамп ја обвини Кина за вмешаност во изборите во САД во 2020 година

Американскиот претседател, Доналд Трамп, соопшти дека декласифицирал разузнавачки информации кои, според него, покажуваат кинеско мешање во американските избори, обновувајќи ги долгогодишните забелешки по однос изборната безбедност.
Трамп изјави дека Кина незаконски прибавила изборни податоци за околу 220 милиони Американци, вклучувајќи имиња, адреси и други информации поврзани со регистрацијата на гласачите. Тој обвини дека делови на американската разузнавачка служба намерно ги прикривале размерите на наводните кинески активности.
Таквите тврдења на Трамп се спротивни на некласифицираната проценка на американските разузнавачки служби од 2021 година, според која нема докази дека некоја странска држава успеала да влијае врз техничките аспекти на претседателските избори во 2020 година, вклучително регистрацијата на гласачите, гласачките ливчиња, пребројувањето или конечниот резултат.
Во 25-минутното обраќање, Трамп ја истакна изборната безбедност како едно од главните политички прашања пред конгресните избори во ноември. Тој ги повика републиканците во Конгресот да усвојат построги правила за идентификација на гласачите и доказ за државјанство.
Трамп исто така изјави дека треба да се одземат лиценците на американските телевизиски мрежи кои не го пренеле неговото обраќање.
Проценката од 2021 година била изработена под раководство на тогашниот директор на националното разузнавање Џон Ретклиф, кој подоцна стана директор на ЦИА.
Пред говорот на Трамп, неколку службеници во Белата куќа изразиле загриженост дека објавувањето на информациите за Кина може да биде погрешно интерпретирано, изјавиле упатени извори за светските агенции. Оценките на агенциите се дека острите обвинувања кон Пекинг би можеле да ги нарушат односите меѓу двете земји, стабилизирани по минатогодишната трговска војна.
Трамп планира во септември да се сретне кинескиот претседател Шји Џинпинг, на разговори за подобрување на трговските односи.
Пред почетокот на обраќањето на Трамп, портпаролот на кинеската амбасада во САД, Лиу Чанг, изјави дека Кина „никогаш не се мешала и никогаш нема да се меша во претседателските избори во САД“.
МИА
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
