Трамп издаде наредба за враќање во служба на војниците кои одбиваа да се вакцинираат од Ковид
Претседателот на САД, Доналд Трамп, издаде наредба за враќање во служба на воените лица кои биле отпуштени поради одбивање да се вакцинираат од Ковид.
Во 2021 година, откако Пентагон ја направи вакцинацијата задолжителна, илјадници војници беа отпуштени затоа што не сакаа да се вакцинираат.
Во претседателскиот указ се нагласува дека „барањето за вакцинација било неправедно, прекумерно широко и сосема ненужно оптоварување“ за американските војници.
За многу од нив требало да биде направен исклучок, но тоа не се случило и тие биле отпуштени, се додава во документот.
Указот ќе овозможи враќање на сите војници (активни и резервни), отпуштени само поради тоа што не сакале де се вакцинираат и кои побарале враќање на служба.
Според указот, војниците можат да го вратат своето поранешно звање и да добијат целосен паричен надомест, бенефиции, бонуси или компензации.
Војниците кои презентирале докази дека доброволно ја напуштиле службата наместо да се вакцинираат според мандатот, ќе можат да се вратат на служба без последици за нивниот службен статус, звање или плата.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни