Трамп: Иранците конечно „дејствуваат против бруталната и корумпирана влада“
Американскиот претседател Доналд Трамп истакна денеска дека народот во Иран „конечно дејствува против бруталната и корумпирана влада“.
- Иранците конечно презедоа акција против суровиот и корумпиран режим. Луѓето немаат доволно храна, постои висока инфлација и не се почитуваат човековите права, напиша Трамп на Твитер.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Бахрам Гасеми во реакција на твитот на Трамп рече дека тој „треба да се погрижи за милионите бездомни и гладни луѓе во САД, а не да го навредува Иран“.
- Наместо да си го губи времето со бескорисни твитови и навреди кон други народи, подобро е да се погрижи за милионите бездомни и гладни луѓе во САД, рече Гасеми.
Врховниот водач на Иран, ајатолах Али Хамнеи претходно денеска ги обвини САД и Израел за поттикнување немири во земјата против високите цени и Владата.
- Последните денови, непријателите на Иран користат различно оружје, вклучувајќи и финансии во готовина, оружје, политика...за да создадат проблеми во Исламската република, наведе Хамнеи во изјава објавена на неговата официјална страница.
Се очекува тој да и се обрати на нацијата по повод актуелните настани „кога ќе биде вистинско време“.
Во судирите за време на антивладините протести во Иран, кои почнаа во четвртокот, се убиени 21 лице, а 450 се повредени.
Ново на Сител
-
Биди кокиче на новиот живот | Дора Попова | Sitel Podcast 099
-
70-ти роденден на Кисела Вода и Културно лето: “Се на свое место”
-
Две девојки повредени при сообраќајна незгода
-
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Жеден еж спасен по пожар во Грција
-
Усвоена информација за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030
-
Мицкоски: Првата препрека ја поминавме, извештајот се очекува на пленарна седница да биде ставен меѓу 7 и 11 јули
-
Заклучоци од седница на Влада