-->
-->
Трамп именуваше нов американски амбасадор за Македонија
-->
Претседателот на САД Доналд Трамп има ја номинира Кејт Брнс за нов американски амбасадор во Република Македонија, соопштуваат од Белата Куќа.
Таа е дипломат со над 20-годишна кариера и зборува шпански, унгарски и турски јазик.
Во својата богата дипломатска кариера била дел од америкaнската мисија на ОБСЕ во Виена, работела и во амбасадата во Мадрид и била советник во американската мисија во НАТО.
Моментално е заменик шеф во американската амбасада во Атина.
Именувањето на Брнс треба да биде одобрено во Сенатот. Ако биде именувана, ова би било нејзина прва позиција како амбасадор, а својот мандат во Скопје треба да го започне најрано од крајот на јануари 2019 година.
Веста за нејзиното номинирање на социјалната мрежа „Твитер“, ја сподели и актуелниот американски амбасадор во земјава Џес Бејли.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти