-->
-->
Трамп им се обрати на лидерите на Г-7 - им одржа лекција и ја напушти салата
-->
Како што и претходно најави, претседателот на САД, Доналд Трамп, го напушти самитот на најразвиените земји во светот – Г7, пред крајот, со цел да го избегне разговорот на една, за него, непријатна тема.Се работи за климатските промени кои Трамп не ги признава, додека останатите земји од групата се противат на таквата позиција.
Г-7 лидерите на вториот и последен ден од самитот, се состанаа на појадок пред закажаното предвремено заминување на американскиот претседател, а во средиштето на утринскиот состанок било прашањето на родовата еднаквост.
Меѓутоа, самитот во целина беше засенет поради значајните разлики меѓу САД и другите шест земји кога станува збор за трговијата, откако Вашингтон кон своите клучните трговски партнери воведе царински обврски, за алуминиум и челик.
Трамп дополнително придонесе за општата загриженост, во петокот, кога изјави дека во групата на најмоќните индустриски земји треба да се врати и Русија, која од клубот Г7 или Г8, како што тогаш се нарекуваше, беше исфрлена по воената интервенција во Украина и анексијата на Крим во 2014. Тогаш, американски претседател беше Барак Обама.
Претставниците на земјите од Европската унија во петокот беа едногласни дека и натаму не се исполнети условите за враќање на Русија на групата, за што, на маргините на самитот, информираше германската канцеларка Ангела Меркел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
