Трамп ѝ се закани на ЕУ: „САД не се ваша касичка, ќе платите многу висока цена“

Претседателот на САД Доналд Трамп ѝ се закани на ЕУ со „значителни“ царини откако, како што наведува, Брисел им наметна серија високи казни на американските технолошки гиганти.
Во објава на неговата платформа Truth Social, американскиот претседател напиша: Соединетите Американски Држави не се „касичка“ за Европа, ниту пак ќе дозволиме да бидат!“
– Европската Унија повторно, како и обично, директно ги напаѓа ОДЛИЧНИТЕ американски компании! Откако ги казни Apple, без никаква причина, со 15 милијарди долари, Meta, 3 милијарди долари, Amazon со 2,5 милијарди долари и многу други, штотуку бевме информирани дека Google, навистина напредна и неверојатна компанија, е казнета со уште една милијарда долари, без објаснување. Со ова, вкупниот износ на Google се искачи на над 18 милијарди долари! Оваа нелегална и многу дискриминаторска практика започна во текот на првата година од поспаната администрација на Џо Бајден, но нема да продолжи за време на администрацијата на Трамп, наведува американскиот претседател.
Според Трамп, тоа е „грабеж“ на американските компании и на американските даночни обврзници.
– Европската Унија ќе плати многу висока цена за ова нелегално и многу неетичко однесување, за кое постојано ги предупредувам. Казните ќе бидат целосно поништени и, очекуваме, во најскоро време да им се наплати значителна ТАРИФА, напиша Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
-

Мицкоски: За 2 години Владата создаде 17 илјади нови работни места - повеќе од владите на СДСМ за 7 години
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворено - 7 се активни, а 3 под контрола
