Трамп и Нетанјаху разговараа за заканите од Иран

Американскиот претседател Доналд Трамо и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговараа за заканите од Иран и се согласија дека мировната спогодба меѓу Израел и Палестинците мора да биде постигната со директни преговори, соопшти Белата куќа.
Во телефонски разговор тие се договориле да продолжат со блиски консултации за серија регионални прашања, вклучувајќи ги и заканите, кои доаѓаат од Иран, се наведува во соопштението.
Трамп исто така го повика Нетанјаху да го посети Вашингтон на почетокот на февруари.
Претходно канцеларијата на израелскиот премиер објави дека Трамп го повикал Нетанјаху на состанок во Вашингтон во февруари, а дека точниот датум ќе биде утврден следните денови.
- Лидерите разговараа за нуклеарната спогодба со Иран, мировниот процес со Палестинците и други прашања.
Нетанјаху изрази желба за блиска соработка со Трамп во воспоставување заедничка визија со цел унапредување на мирот и безбедноста во регионот.
Трамп во Белата куќа изјави дека имал „мошне пријатен“ разговор со израелскиот премиер, но не изнесе детали.
За време на кампањата Трамп вети силна поддршка за Израел и порача дека ќе го признае Ерсусалим како главен град на еврејската држава.
Ново на Сител
-

Кривична против 74-годишен маж кој нападна 10-годишно девојче во Центар
-

Приведен скопјанец по кражба на паричник од 72-годишна жена
-

Лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести
-

Мицкоски: По две години успеваме да го консолидираме и земјоделството каде што наследивме катастрофа
-

Путин му го честиташе на Трамп Денот на независноста
-

Пожарот во Пробиштипскиот регион е изгаснат, изгорени овоштарници, житни култури, лозја, пчеларници и една куќа
-

Папа Лав XIV: САД се синоним за слобода поради начинот на кој ги пречекуваа имигрантите
-

Русите тврдат дека ја освоиле Костјантинивка, клучен град во Донецк
