Трамп и Клинтон денеска на Лонг Ајленд ќе ја имаат првата претседателска дебата

Доналд Трамп и Хилари Клинтон денеска во 21 часот по источноамериканско време (утре во 1 часот по Гринич) ќе ја одржат нивната прва дебата како претседателски кандидати, пренесуваат француските медиуми.
Дебатата ќе се одржи шест недели пред претседателските избори, закажани за 8 ноември.
Ова ќе биде еден од најсилните моменти во предизборната кампања и повод за двајцата кандидати повторно да се претстават пред избирачите, кои во поголем дел не ги поддржуваат ниту единиот, ниту другиот, забележаа француските медиуми.
Се чекува дебатата да привлече рекорден број гледачи, ако се има предвид дека во неа учествуваат толку спротивни личности како што се Доналд Трамп и Хилари Клинтон.
Дебатата ќе се одржи на универзитетот Хофстра, во градот Хемпстед, на Лонг Ајленд, на еден час од Њујорк. Тоа е класично место за одржување дебати и за оваа цел беше искористено во кампањите во 2008 и 2012 година.
Дебатата ќе трае 90 минути и ќе е поделена во шест дела од по 15 минути. Нема да има паузи за реклами. Во дебата ќе се зборува за управувањето и курсот на САД, просперитетот и безбедноста. Модераторот на дебатата секој дел од неа ќе го отвора со прашање по што секој кандидат ќе има две минути за одговор. Потоа двајцата кандидати ќе можат да реагираат на одговорите кои ги дале.
Модератор на дебата е познатиот новинар Лестер Холт (57), кој ги води ударните вечерни вести на телевизијата Ен-Би-Си, која, пак, е најгледана во земјата. Холт веќе беше модератор на дебатата за време на првичните избори на американските демократи.
Ново на Сител
-

Иран нападна цели во соседните земји
-

Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка
-

Нетанјаху: Иран веќе не може да збогатува ураниум и да произведува балистички ракети
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам
-

ЕУ повика на повторно отворање на Ормускaтa Теснина и прекин на нападите врз енергетската и водоводната инфраструктура
-

Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подологовечни од мажите
-

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-

Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ продолжува во Росоман
