-->
-->
Трамп и Јункер се договорија за надминување на трговскиот конфликт меѓу САД и ЕУ
-->
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и претседателот на САД Доналд Трамп соопштија дека постигнале договор со кој ставија крај на трговскиот конфликт меѓу Вашингтон и Брисел, кој доведе до взаемни казнени царини.САД и ЕУ постигнаа договор, изјави Јункер, а Трамп прецизира дека двете страни сакаат да се стремат кон „нула царини, нула нетарифни бариери и нула субвенции“ во трговската размена на индустриски стоки, со исклучок на автомобилскиот сектор. ЕУ веднаш ќе го зголеми увозот на соја од САД, соопшти Трамп и вети дека ќе го преиспита прашањето за американските царини за европскиот алуминиум и челик.
- Ќе работиме на намалување на бариерите и зголемување на трговијата на услуги, хемиски производи, фармацевтски производи, медицински производи, додаде тој и соопшти дека САД и ЕУ ќе работат заедно за реформа на Светската трговска организација (СТО).
- Ќе работиме тесно со партнери кои ги делат нашите идеи за реформирање на СТО и работа на проблемот на нелојалните трговски практики, вклучувајќи кражба на интелектуална сопственост, присилен трансфер на технологии, индустриски субвенции, изместувањата кои ги предизвикуваат државните фирми и прекумерната продуктивност, рече американскиот претседател.
Јункер истакна дека тој и Трамп се согласиле да не се воведуваат нови царини се додека течат преговорите, за кои веднаш ќе се формира работна група. Тој ја нарече средбата добра и конструктивна
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се реализираат активности за враќање на редот и достоинството на главниот град - велат од Град Скопје
-

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
-

Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина
-

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7
-

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари
-

Работник на гостиварски Комуналец починал откако заглавил во канал за вода
