Трамп: Граѓаните да ги следат предупредувањата на властите за Доријан

Американскиот претседател Доналд Трамп апелираше до сите граѓани кои можат да се најдат на ударот на ураганот Доријан да ги слушаат предупредувањата и можните наредби за евакуација што ќе им пристигнуваат од локалните власти.
Американските медиуми пренесуваат дека Трамп нагласил дека „јавната безбедност секогаш е на прво место“, како и дека тој и неговите соработници ги следат зачестените извештаи за „чудовишната бура“. Трамп предупреди дека ураганот бавно се приближува, но и дека е еден од досега најголемите регистрирани урагани.
Според очекувањата, како што предупреди американскиот претседател, ураганот ќе погоди поголем дел од источниот брег на САД, а некои делови, како што кажа, „ќе погоди ,многу, многу силно.“
Американскиот Центар за урагани денеска соопшти дека Доријан во својот центар достигнува брзина од „чудовишни“ 295 километри на час, со тенденција на засилување.
Ураганот полека му се доближува на брегот на САД и засега се наоѓа на околу 295 километри источно од Вест Палм Бич, во државата Флорида.
Ураганот веќе погоди еден дел од Бахамите, како еден од најсилните што ги погодил во поновата историја.
Ново на Сител
-

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до четири милиони патници
-

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници
-

ЦУК: До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни
-

Осма жртва од западнонилска треска
-

Лавров: Обвинувањата за инцидентот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
