Трамп го шокираше светот: Се повлекуваме од Сирија, некој друг тоа нека го среди, сега мораме да се грижиме за границите на Америка
По претстојното целосно уништување на џихадистите од групата Исламска држава (ИД), САД за многу скоро време ќе се повлечат од Сирија, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп.
- Ќе се повлечеме од Сирија за многу скоро време, навистина за многу скоро, порача Трамп на митинг во американската сојузна држава Охајо.
Тој нагласи дека меѓународната коалиција предводена од САД, наскоро ќе преземе контрола „на 100 проценти од Калифатот“, по што американските сили ќе се повлечат од Сирија.
- Ќе се вратиме во нашата земја, каде и што сакаме да бидеме, порача Трамп.
Валвата изјава на Трамп уследи само неколку часа откако портапролката на Пентагон, Дејна Вајт порача дека во Сирија „останува да се заврши уште многу работа, за да може да се гарантира дека екстремистите се трајно уништени“.
Од друга страна, портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нојер во коментар на најавата на Трамп, рече дека нема информации оти постои план за повлекување на САД од Сирија, ниту за промена на сегашната политика на Вашингтон по ова прашање.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија