Трамп го сака Гренланд и неговите 55.000 граѓани на ЕУ; Европската унија нема коментар

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека американското поседување и контрола на Гренланд е неопходност, но Европската унија нема коментар за тоа.
Иако огромното мнозинство жители на Гренлан се граѓани на ЕУ, дипломатската служба на ЕУ, позната како Европска служба за надворешни работи (ЕЕАС), даде само кратки одговори на прашањата на Политико.
„Можам да ви понудам брз одговор: не коментираме коментари“, рече Ануар Ел Ануни, портпарол на ЕУ за надворешна политика и безбедност.
Гренланд, автономна данска територија, не е во ЕУ, но е класифициран како „прекуморска територија поврзана со ЕУ“.
Од речиси 57,000 луѓе кои живеат на островот богат со минерали, само околу 2,000 не се Данци, што значи дека населението е главно составено од граѓани на ЕУ.
Трамп во неделата изрази обновен интерес за купување на Гренланд – откако првично го стори тоа во 2019 година – и исто така го именуваше својот нов амбасадор во Данска: ко-основачот на PayPal и поранешен амбасадор на САД во Шведска, Кенет Хаури.
„За целите на националната безбедност и слободата низ целиот свет, САД сметаат дека сопственоста и контролата на Гренланд се апсолутна неопходност“, наведе Трамп во објавата на Truth Social.
„Гренланд е наш“, објави премиерот на територијата, Муте Егеде, на Фејсбук во понеделникот. „Не сме на продажба и никогаш нема да бидеме на продажба“.
Егеде инсистираше на тоа дека Гренланд им припаѓа на неговите жители, кои не смеат да ја загубат „долгата борба за слобода“. Официјално, Копенхаген се согласува со ставот на Егеде.
Неколку часа откако Трамп ги објави своите коментари, Данска објави дека ќе ги зголеми трошоците за одбрана на Гренланд на најмалку 1,3 милијарди евра.
Владите на Гренланд и Данска не одговорија веднаш на барањето на Политико за коментар.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Нема обвинети за модуларните болници - набавките биле законски, буџетот не бил оштетен
-

Санкционирањето на странци преку Сејф сити создаде километарски колони на Табановце
-

Четири нови случаи со западнонилска треска во Скопје - бројката на инфицирани достигна 42-ца
-

Пожарот во Мариово се уште критичен, активни се уште 7
-

ДУИ бара предвремени избори
-

Амбасадорскиот совет: ЕУ интеграција, заштита на националните интереси и економска дипломатија
-

И годинава ќе има „училишна кошничка“: Владата ќе го спречува поскапувањето на школскиот прибор
