Трамп го отфрли предлогот на Иран за седумдневен прекин на огнот

Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли предлогот на Иран за седумдневен план за прекин на непријателствата и повторно отворање на Ормуската теснина, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на американски официјални претставници запознати со ситуацијата.
Според тие наводи, Трамп им рекол на соработниците дека очекува продолжување на американските напади врз Иран по изборите за Конгресот во ноември.
Во исто време, на затворени состаноци, тој наводно изразил сомневање дека Техеран ќе ги исполни барањата на Вашингтон. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи потврди дека Техеран доставил конкретен седумдневен план до САД преку Катар.
Според него, доколку се исполнат договорените услови, Теснината повторно би била отворена во рок од седум дена, по што би следеле нови преговори за спорните прашања.
Планот, според достапните информации, вклучува прекин на непријателствата, ублажување на притисокот од САД и продолжување на разговорите за нуклеарната програма на Иран. Во некои извештаи се наведуваат и услови поврзани со укинување на поморската блокада на САД и ублажување на санкциите врз извозот на иранска нафта.
Арагчи објасни дека, според предложениот модел, подготовките за отворање на Теснината ќе започнат на шестиот ден, додека пловидбата би можела да се врати во нормала на седмиот ден, а дипломатските разговори ќе продолжат.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Димитар Димески, историчар
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
-

Вакцинацијата со БСЖ за новороденчиња против туберкулоза ќе продолжи за 10-тина дена
-

До 2028 треба да се реконструира сала „Македонија“ во Прилеп, за Универзална сала ќе се прави елаборат за статиката
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
