Трамп го обвини Путин: Еве што изјави американскиот претседател по лансирањето на ракетите
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека покренувањето на заедничката американско-британска-француска операција против сирискиот „криминален“ режим, е знак на одмазда за хемискиот напад.
-Мои драги Американци пред неколку минути наредив вооружени сили на САД да покренат прецизни напади на мети поврзани со капацитетите на хемиското оружје на сирискиот диктатор Башар ал Асад. Комбинираната операција на вооружените сили на Франција и Велика Британија е во тек. Им благоадриме, истакна Трамп во своето 8 минутно обраќање.
Тој посочи дека режимот на Асад повторно лансирал хемиско оружје за да убие невини цивили.
-Овој масакр беше значајна ескалација во користењето на хемиското оружје од страна на овој ужасен режим. Смислата на нашата акција е воспоставување на силно одвраќање против производството, ширењето и користењето на хемиското оружје. Подготвени сме да вршиме ваков одговор се додека сирискиот режим не престане да користи забранети хемиски агенси, истакна Трамп.
Ново на Сител
-

Да се вози внимателно, магла на повеќе патишта низ државата
-

Годишниот извештај за работата на ФЗО пред матичната собраниска комисија
-

Дел од центарот на Скопје денеска без вода
-

Цените на угостителските услуги за една година зголемени за 3,4 отсто
-

Отворање на новите простории на Институтот за трансфузиона медицина во Тетово
-

Во Кран-Монтана затворен хотел со пет ѕвезди поради проблеми со противпожарната безбедност
-

Трамп: Неопходен е нуклеарен договор, што ќе го замени Нов Старт
-

Приведен е и вториот осомничен за фрлањето бомба врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
