Трамп го обвини Бајден за плагијат на неговата економска програма
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го обвини претседателскиот кандидат на Демократска партија, Џо Бајден за „плагијат “ на неговата економска програма.
Тој препишува од мене, но нема да му успее. Тој сака да го прави тоа, изјави денеска Трамп алудирајќи на наводни минати случаи за плагијат од страна на Бајден.
На вчерашниот предизборен митинг во Пенсилванија, Бајден објави програма „купувајте домашни производи“ за обнова на економијата настрадана од пандемијата на Ковид-19. Во програмата на Бајден е предвидено и американската влада да набави американски производи во висина од 700 милијарди долари, и најави вложување во научно-истражувачки проекти во обновливи извори на енергија.
Со програмата се предвидува создавање на пет милиони нови работни места.
Советникот на претседателот, Келијан Конвеј, пак истакна дека Бајден позајмил дел од политичката програма на „левиот“ демократски кандидат Берни Сандерс.
Бајден и Сандерс претходно потпишаа декларација за преземање на прогресивните делови од програмата на сенаторот од Вермонт, кој со Бајден се бореше за номинација, а како чекор кон обединување на демократската база во пресрет на изборите во ноември.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи