Свет
30. November 2016 - 14:23

Трамп го номинира Стивен Мнучин за министер за финансии

Стивен Мнучин, поранешен менаџер на инвестициската банка Голдман Сакс (Goldman Sachs) денеска на Си-Ен-Би-Си соопшти дека Доналд Трамп го номинирал за министер за финансии, пренесоа француските медиуми.

Тој ја потврди и номинацијата на Вилбер Рос за министер за трговија.

- Многу сме среќни што ќе работиме за новоизбраниот претседател и за нас е чест да бидеме номинирани на овие функции, рече Мнучин.

Номинацијата на двајцата кандидати треба да ја потврди Сенатот, прецизираат француските медиуми.