Трамп ги објави неговите избраници за клучни позиции во идната администрација
Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ги објави денеска неговите избраници за министер за правда, советник за национална безбедност и директор на ЦИА, кои ги претставуваат клучните позиции во новата администрација.
Ултраконзервативниот сенатор Џеф Сешанс е изборот на Трамп за министер за правда, генералот од резервниот состав Мајкл Флин - советник за национална безбедност и членот на државниот Конгрес на Канзас - Мајкл Пампео - за директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), се наведува во соопштението на тимот на новоизбраниот претседател на САД.
Трамп истакна оти се радува што Флин ќе стои покрај него во борбата за „победување на радикалниот исламистички тероризам“, и изрази увереност дека Пампео ќе биде „брилијантен и бескомпромисен лидер„ како директор на ЦИА.
Тој исто така, го оквалификува Сешанс како „правен ум од светска класа, кој ужива голем углед меѓу академските правници“.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата