Трамп до Бајден: Повлекувањето од Авганистан е најголемото американско понижување во меѓународната политика
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го критикуваше претседателот Џо Бајден за начинот на кој американските сили се повлекуваат од Авганистан, нарекувајќи ја целата акција „најголемо понижување на Америка во меѓународната политика“.
-Неуспешното заминување на САД од Авганистан величенствено ја покажува изразената неспособност на лидерот на нацијата, можеби на сите времиња, им рече Трамп на своите поддржувачи на вчерашниот митинг во близина на градот Калман, во американската сојузна држава Алабама.
Трамп го обвини Бајден за актуелната ситуација, изјавувајќи дека тој не го следел планот што го осмислила претходната администрација.
-Ова не е повлекување. Ова е целосно предавање, додаде Трамп.
Тој оцени дека талибанците, со кои преговарал, него го почитувале, пренесуваат британските медиуми.
Трамп верува дека брзото паѓање на Кабул во рацете на талибанците немаше да се случи доколку тој се уште беше на чело на државата.
-Можевме да го напуштиме Авганистан со чест. Всушност, требаше да излеземе со кренати чела, и наместо тоа излегуваме со нешто што е спротивно на тоа, рече поранешниот американски претседател.
Ново на Сител
-
Речиси 83.000 вработени не зеле плата за јануари
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Многу деца во Македонија со вишок на килограми – најдебелиот пациент во земјата има 288 килограми
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници
-
Паузирана американската воена помош за Украина
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен