Трамп денеска веројатно ќе потпише указ за изградба на ѕид долж границата со Мексико
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска веројатно ќе потпише извршни укази за изградба на ѕид долж границата со Мексико, за времена забрана за влез на бегалци во САД и прекин на издавањето визи за граѓани од Сирија и уште шест блискоисточни и африкански земји.
Трамп доцна синоќа на Твитер напиша: „Утре претстои голем ден за националната безбедност. Заедно со многу други работи, ние ќе го изградиме ѕидот!“. Со тоа Трамп ќе го исполни едно од главните предизборни ветувања.
Според весникот „Вашингтон пост“, американскиот претседател ќе ги потпише указите на средба со високи функционери од Министерството за внатрешна безбедност.
Весникот „Њујорк тајмс“ напиша дека оваа недела Трамп ќе се осврне на нелегалната миграција, забранувајќи прием на бегалци од Сирија и други „земји со муслиманско население, кои се склони кон тероризам“.
Ново на Сител
-
Истрагата за Димитровска е силен удар за угледот на Антикорупциска, велат познавачите
-
Tема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Меѓународна конференција на Алкалоид за меѓународниот патент - „Омепразол“ во течна форма
-
Претседателката на Антикорупциска не доаѓа на работа
-
Вооружена престрелка на Бит Пазар - едно лице тешко повредено
-
Филипче не е изненаден од превирањата во Вреди и Владата
-
Средба Муцунски – Ибрахимовиќ : Успехот на било која земја од регионот е добра вест за сите
-
Подготовките за локалните избори во полн ек