Свет
8. May 2018 - 17:07

Трамп денеска ќе ја објави одлуката за спогодбата со Иран

Американскиот претседател Трамп во текот на денот ќе соопшти дали ќе ги повлече  Соединетите држави од меѓународната нуклеарна спогодба со Иран од 2015 година.

Договорот со кој Иран се ослободи од санкциите во замена за органичување на капацитетите за збогатување ураниум до 2025,  го потпишаа и Германија, ФРанција, Велика Британија , Русија и Кина.

Трамп бара ревизија на спогодбата, но со него  не се согласуваат останатите потписнички.