Трамп демантира: Не признавам ништо
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека „не признава ништо“, откако медиумите објавија дека најверојатно, првпат јавно признал дека неговиот демократски противкандидат Џо Бајден победил на претседателските избори во САД на 3 ноември.
– Победил само во очите на медиумите кои пласираат лажни вести. Не признавам ништо. Пред нас е долг пат. Ова беа наместени избори, напиша Трамп на Твитер.
Во друг твит повтори дека изборите биле фалсификувани и порача: „Ние ќе победиме“.
Претходно на Твитер тој напиша дека Бајден, кого не го именуваше, победил, бидејќи, како што тврди Трамп, изборите биле наместени, што повеќето медиуми го протолкуваа како признавање на победата на демократскиот кандидат.
– Победи, бидејќи изборите беа наместени, напиша Трамп.
Актуелниот претседател во одделен твит наведе дека сите механички „застои“, кои се случиле во текот на изборната ноќ се направени бидејќи „тие се фатени како крадат гласови“, не прецизирајќи на кого се однесува тоа.
Трамп повторно ги изнесе тврдењата дека на набљудувачите не им било дозволено да присуствуваат на пребројувањето на гласовите, како и дека гласањето во вид на табела го прикажала „радикално левичарската приватна компанија“ Доминион.
Според него, таа компанија има лоша репутација и лоша опрема, која не е квалификувана ниту за Тексас, каде тврди дека тој убедливо победил.
Трамп за својот неуспех ги обвини „лажните и тивки медиуми“ и други.
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија