Трамп: Дали работам за Русија е најнавредливо прашање досега
Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонско интревју за телевизијата Фокс Њуз одби директно да одговори дали работи или дали некогаш работел за Русија. изјавувајќи дека тоа е „најнавредливото прашање“ што му било поставено кога и да било досега.
Трамп нагласи дека прашањето дали работи за Русија е навредливо, посебно ако се има предвид дека тој зазел толку цврст став кон Москва „веројатно како ниту еден друг претседател досега, а секако поцврст од последните три или четири претседатели“, што сппред него, можат да го потврдат и во Кремљ.
Прашањето до американскиот претседател беше упатено откако „Њујорк Тајмс“ во петокот објави дека полициски официјални претставници почнале истрага за тоа дали тој работи за Русија, откако кај нив се појавила „загриженост поради однесувањето на Трамп“ по смената на директорот на ФБИ, Џејм Коми во 2017 година.
– Мислам дека тоа е најнавредливото прашање што ми е поставено кога и да било досега. Мислам дека тоа е најнавредлива статија што е напишана кога и да било досега и ако ја прочитате ќе видите дека не нашче апсолутно ништо, изјави Трамп.
Во интревјуто Трамп беше прашан и за тврдењето на „Вашингтон Пост“ дека криел детали од неговите разговори со рускиот претседател Владимир Путин, дури и од високи претставници во неговата Администрација, на што тој одговори дека „секој може да слушне што разговарале на средбата, бидејќи снимката од разговорот им била достапна на сите“.
Ново на Сител
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата
-
Рокас бара уставни измени, власта и опозицијата подготвени за реформи
-
Македонија е подготвена за преговори со ЕУ – порака од меѓународната Паневропска унија
-
Со фалц документи тргувале со нафта на големо
-
Обвинение за членови на група за проституција и дрога, вмешан и полицаец
-
Матичните лекари бележат зголемен број на болни од грип и други респираторни инфекции