Тракторист вечерва повреден во сообраќајна незгода во велешко
Тракторист е повреден вечерва околу 20:00 часот во незгода што се случила на локалниот пат село Клуковец - село Горно Оризари, велешко.
Како што информира за МИА Димитар Каракулев, од СВР Велес, станува збор за 62 - годишен маж од село Клуковец се повредил обидувајќи се да се спаси кога неговиот трактор се излизгал по патот.
По укажаната прва помош на екипа од Брза помош при ЈЗУ Здраствен дом Велес, трактористот со возилото на Брза помош бил итно пренесен во Хирушкото одделение во Велес, каде му е укажана лекарска помош.
- Констатирани се нагмечувања на меките делови на главата и лицето со огреботини и исеченици по лицето, има и исчашување на десен скочен зглоб и скршеница на потколеница. Повредениот е задржан на болничко лекување во велешката болница, информира Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.
Ново на Сител
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот
-
Студентите кои протестираа поради војната меѓу Израел и Хамас се судрија со полицијата во Тексас