-->
-->
Тракторист повреден во сообраќајна незгода во велешко
-->
Тракторист е повреден вечерва околу 20:00 часот во незгода што се случила на локалниот пат село Клуковец - село Горно Оризари, велешко.Како што информира за МИА Димитар Каракулев, од СВР Велес, станува збор за 62 - годишен маж од село Клуковец се повредил обидувајќи се да се спаси кога неговиот трактор се излизгал по патот.
По укажаната прва помош на екипа од Брза помош при ЈЗУ Здраствен дом Велес, трактористот со возилото на Брза помош бил итно пренесен во Хирушкото одделение во Велес, каде му е укажана лекарска помош.
- Констатирани се нагмечувања на меките делови на главата и лицето со огреботини и исеченици по лицето, има и исчашување на десен скочен зглоб и скршеница на потколеница. Повредениот е задржан на болничко лекување во велешката болница, информира Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со отец Антонио Апостолоски, од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-

Православните христијани го празнуваат Бадник
-

Бадниковите поворки низ Македонија го најавија Христовото раѓање
-

Лекарски совети за празници без здравствени ризици
-

Македонците ќе зборуваат без роаминг со граѓаните од Унијата на есен
-

Партиите со препукувања и празна реторика за време на празници
-

Растат цените и побарувачката за станови во Струмица
-

Пчеларите се соочуваат со нелојална конкуренција
