Loading Video...
Фудбал
27. јуни 2020 - 16:36

Трајковски одигра половина час, Мајорка загуби со 3:1 кај Атлетик

Екипата на Мајорка за која настапува македонскиот репрезентативец Александар Трајковски претрпе нов пораз во Ла Лига. 
 
На гостувањето во Билбао, тимот на Мајорка загуби со 3-1 од Атлетик. 
 
Трајковски одигра 32.минути во второто полувреме. 
 
Откако беше уфрлен во игра во 58-та, само десетина минути подоцна токму над него беше направен прекршок за пенал за готите, кои преку Будимир успеаја само да го ублажат поразот. 
 
По овој пораз Мајорка е се подалеку од избегнување на опасната зона, додека Атлетик останува во игра за место кое носи пласман во Лига Европа.