-->
-->
Трајковски е новата ѕвезда на „соколите“
-->
Кошаркарскиот репрезентативец Бојан Трајковски, е нов член на Карпош Соколи, откако во петокот потпиша договор до крајот на сезоната со македонскиот претставник во АБА лигата.
Трајковски треба да му помогне на Карпош Соколи во борбата за опстанок во АБА лигаг и во борбата за двете титули на домашната сцена.
„Презадоволни сме што успеавме да го ангажираме Бојан Трајковски, кошаркаркар чии квалитети се неспорни и кој и тоа како ќе ни помогне во остварување на зацртаните цели сезонава. Драго ми е што успеавме да доведеме македонски репрезентативец, со што уште еднаш покажуваме дека наш првенствен интерес е развојот на македонската кошарка. Во Трајковски добиваме играч кој и тоа како ќе ги промени силите на теренот во домашниот шампионат и со чија помош сигурно ќе бидеме поблиску до еден од двата домашни трофеја“, вели претседателот на Карпош Соколи, Огнен Дедиќ.
Репрезентативецот минатото лето потпиша за Куманово, но набрзо потоа го раскина договорот и кариерата ја продолжи во косовскиот тим Сигал Приштина, но откако добил понуда од Карпош Соколи решил да ја прифати истата и да се врати во Македонија.
Избраниците на тренерот Драган Николиќ, во петок, ќе му гостуваа на Задар (18 часот) во регионалната лига, а првата можност за деби на Трајковски ќе ја има в среда кога во Скопје гостува Трепча во рамки а БИБЛ-лигата. Наредниот викенд во АБА-лигата Карпош Соколи ќе го пречека тимот на Мега Лекс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево