Loading Video...
Фудбал
7. September 2018 - 19:40

Трајковски: Добриот старт да се потврди против Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација одлично ги започна натпреварите од Лигата на нациите.  Победата во Гибралтар од 2-0 е екстра мотив да се продолжи успехот и на неделниот дуел во Скопје кога гостува селекцијата на Ерменија која оствари многу потешка победа во дуелот со Лихтенштајн. Ако се знае дека токму Македонија и Ерменија се главните фаворити во групата за првото место тогаш јасно е зошто се очекува тежок и неизвесен меч за нашите репрезентативци:

„ Победивме со Гибралтар и ја остваривме целта без многу напор бидејќи мислевме и на средбата со Ерменија. Имаме доволно време да се одмориме и подготвиме за  новата пресметка и се надевам на добар резултат“ изјави за ТВ Сител еден од поискусните во нашиот тим Александар Трајковски.