Трајановски на првиот училиштен час во „Раде Јовчевски Корчагин“

Во скопските средни училишта од денеска учебната година ја почнуваат 6.496 ученици. Градоначаникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска присуствуваше на првиот училиштен ден од оваа учебна година во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ и посака успешен почеток.
- Се надевам дека сте направиле правилен избор, ова е многу добра гимназија со високо реноме, така што од вас очекуваме да учите и да постигнете големи успеси. Но, треба да знаете дека успехот зависи само од вашиот ангажман во учењето и од правилниот распоред на времето во текот на денот. Затоа Ви велам дека треба да учите и поголем дел од денот да го посветите на учењето за сите ние во иднина да се гордееме со вас, а Вашето време допрва доаѓа, им порача Трајановски.
СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, како што наведуваат од Град Скопје, годинава ги пречекува учениците со нови подови во училниците, реновиран покрив на објектот и уреден двор, односно во многу посолидни услови за работа.
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
