Трајанов: Робусна војна против корупцијата и криминалот, законите да важат за сите и да се запире процесот на миграција
![]()
Отворање робусна војна против корупцијата, криминалот, затоа што организираниот криминал разорно дејствува врз сите институции, принципот на владење на правото да се разбере многу пошироко, да се направат системски промени, уставни промени со цел законите да важат за сите поеднакво и идната влада да подготви сеопфатна програма за запирање на процесот на миграција од државава кон другите држави, се трите приоритети на Демократскиот сојуз, кој се подготвува за предвремените парламентарни избори и почнува со трибини и средби со граѓани, а паралелно ја подготвува изборната програма.
Ова денеска го истакна претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов пред почетокот на трибината на таа партија насловена „Македонија на крстопат“.
– Ние сме подготвени за самостојен настап, но исто така сме отворени за соработка со другите политички партии. Неодамна имавме средба со коалициските партнери, но и таму кажав ние сме за соработка, но сакаме прво да ги видиме приоритетите на другите политички партии, рече Трајанов.
![]()
Во врска со приоритетите на партијата, тој посочи дека сите зборуваат за владеење на правото, но повеќе од јасно е дека ние сме партизирана, високо исполитизирана држава, партијата која е на власт секогаш и сега одлучува за сите работи, а институциите не се функционални.
– Затоа мислам дека овој принцип владеење на правото мора да се разбере многу пошироко, да се направат системски промени, уставни промени со цел законите да важат за сите поеднакво. Трето за кое ќе се залагаме е идната влада да подготви сеопфатна програма за запирање на процесот на миграција од државава кон другите држави. Значи не само да биде како флоскула дека сите се залагаме за запирање на овој процес, туку со конкретни мерки и активности младите да сакаат да останат тука, да ја градат сопствената држава, да видат дека тука може да се живее подобро, додаде Трајанов.
Ново на Сител
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – нови цени на горивата од полноќ
-

Во Албанија продолжуваат протестите, ЕУ бара одговорност
-

Пријави за поставени бомби во повеќе белградски училишта и два други града во Србија
-

Спасено мече во Велешко: Се фатило во нелегално поставена сајла, по интервенцијата пуштено во природа
