-->
-->
Траги од коронавирус пронајдени во водата за миење на улиците на Париз, водата за пиење не е ризична
-->

„Незначителни траги“ на Ковид-19 се откриени во водоводната мрежа на техничка вода во Париз, што служи за чистење на улиците, но според градските власти „нема никакви ризици за водата за пиење“, јави дописникот на МИА.
Лабораторијата на главната режија за вода на градот Париз последниве 24 часа откри присуство на незначителни траги од вирусот Ковид-19 во водоводната мрежа на техничка вода на четири од 27 места каде се земаат примероци за тестирање.
Пронаоѓањето на траги од вирусот веднаш ја наведе општината итно да го прекине користењето на водата, како мерка на претпазливост.
Водата за пиење е во друга мрежа, што е целосно независна, и во неа нема траги од вирусот Ковид-19 и може да се консумира без ризици, тврди општината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
