Трагедија во струмичко: Ловџија усмртен со куршум во глава
Ловџија го загуби животот откако вчера околу 14:30 часот е усмртен со куршум од ловечка пушка во пределот на главата.
Од полицијата информираат дека вчера во близина на браната Водоча во струмичко поголема група на ловџии се упатила во лов на дивеч.
Од засега неутврдени причини ловџијата Ж.И. бил погоден со куршум во пределот на главата. Не е познато како и од која пушка бил испукан куршумот.
Била повикана Итна медицинска помош, но поради непристапноста на теренот истата не можела да дојде до местото каде бил повредениот, по што еден од ловџиите се упатил до најблиското село, земал теренско возило и го пренел Ж.И. до Брзата помош.
Во безсознание и тешка состојба во 16:30 часот повредениот ловџија бил однесен во струмичката болница, каде поради тешките повреди починал во 16:40 часот.
Полицијата во соработка со Јавен обвинител работата на расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици
-
Лазаров: Мораме да ја победиме Гвинеја
-
Православните верници го слават Богојавление - Водици
-
Учениците утре се враќаат на настава во второто полугодие од учебната 2024-2025
-
Доналд Tрамп планира патување во Кина по инаугурацијата
-
Вучиќ: Наскоро референдум или избори
-
Хамас: Поради технички причини, Израел се уште не добил список на заложници
-
Студено со негативни утрински температури