Свет
15. October 2018 - 21:27

Трагедија во Нигерија: 60 лица загинаа во експлозија на нафтовод

Најмалку 60 лица загинаа кога во петокот изби пожар на нафтоводот на југоситокот на Нигерија, изјави портпаролот на Националната агенција за управување со вонредни ситуации.

Претходно официјални лица соопштија дека 16 лица настрадале во пожарот. Државната нафтена компанија соопшти во петокот дека до експлозија и пожар дошло недалеку од депнијата Аба.

„Можно е инцидентот да се случил поради крадци кои крадат нафта на патот од пристаништето Харкурт до Абе“, наведено е во соопштението на компанијата.

Поради тој инцидент дошло до прекин во производството, бидејќи на таа линија е запрено извлекувањето на нафтата.

 

Ново на Сител