Македонија
21. July 2018 - 9:52

Трагедија во Македонија: Пронајден мртов полицаец со прострелна рана во главата и службен пиштол во раката

 Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника при ПС Прилеп, изврши увид на местото во близина на локалниот пат село Беловодица-село Дрен, каде вчера попладне беше пронајден мртов 45-годишен полициски службеник вработен во Полициска станица во Прилеп.

Како што информираат од Основното јавно обвинителство, лицето е пронајдено во лежечка положба до неговото возило, со прострелна рана во главата и службениот пиштол во раката.

Притоа јавниот обвинител издал наредба за подигање на предмети и траги кои можат да послужат како доказ и наредба за обдукција врз телото на починатиот заради утврдување на причините за смртт