Трагедија во гостиварско: Млад мотоциклист загина во судир со автомобил
Едно лице загина во сообраќајна несреќа што попладнево се случи на регионалниот пат меѓу гостиварските села Равен и Вруток.
Од СВР Тетово соопштија дека судирот се случил меѓу автомобил „Ауди“ со госиварски регистарски ознаки, што бил управуван од лицето М.З (62) од Гостивар и мотоцикл „кавасаки”, што го управувал З. З. (21).
– Во несреќата, мотоциклистот од задобиените повреди починал на самото место. Во моментов јавен обвинител со увидна екипа вриш увид и се работи на утврдување на причините и околностите кои довеле до несреќата, рече Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Минатиот месец беа регистрирани 10 собраќајни несреќи, што споредно со лани е за двојно помалку. Во нив, нема загинати и тешко повредени, додека пет лица се задобиле со телесни повреди (двајца возачи, исто толку сопатници и еден пешак).
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива
-
Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови