-->
-->
Трагедија во дојранско, маж починал на лице место
-->

Маж починал на лице место откако колега со кој заедно работеле удрил во него со работна машина.
-На 04.03.2021 во 13.45 часот во Полициското одделение Нов Дојран било пријавено дека во кругот на правен субјект во село Николиќ, Д.Ј.(29) од Гевгелија, управувајќи работна машина, удрил во С.С.(47) од село Фурка, вработен во истиот правен субјект.
С.С. починал на местото на настанот, а смрт констатирала медицинска екипа. Увид на местото извршиле Јавен обвинител, инспектор од Државен инспекторат за труд и екипа на Одделението за внатрешни работи Гевгелија, информира МВР.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
