-->
-->
Трагедија во Берово: Додека сечел дрва се повредил - лекарите за жал не успеале да го спасат
-->
Беровчанец заедно со својот син сечел дрва, при работа тешко се повредил и за жал им подлегнал на повредите. Како што стои во билтенот на МВР, вчера околу 12.00 часот на место викано ,,Ормане - Царев Дол“, атар на Берово, Г.Ѓ. (51) од Берово, кој бил со повеќе лица меѓу кои и неговиот син, вршејќи сеча на борови стебла се здобил со повреди во пределот на главата. Од страна на присутните му била пружена помош, по што со возило на Итна медицинска помош, поради сериозноста на повредите бил пренесен во болницата Систина – Скопје, каде починал.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Берово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари