Македонија
1. August 2018 - 14:11

Трагедија во Берово: Додека сечел дрва се повредил - лекарите за жал не успеале да го спасат

Беровчанец заедно со својот син сечел дрва, при работа тешко се повредил  и за жал им подлегнал на повредите. Како што стои во  билтенот на МВР, вчера околу 12.00 часот на место викано ,,Ормане - Царев Дол“, атар на Берово, Г.Ѓ. (51) од Берово, кој бил со повеќе лица меѓу кои и неговиот син,  вршејќи сеча на борови стебла се здобил со повреди во пределот на главата. Од страна на присутните му била пружена помош, по што со возило на Итна медицинска помош, поради сериозноста на повредите бил пренесен во болницата Систина – Скопје, каде починал.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Берово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.