-->
-->
Трагедија во Белград: Усмртено 5-годишно дете откако паднало во пекарска мешалица
-->
Трагедија се случила вчера околу 20 часот во пекарницата „Николиќ“ во Белград, кога 5-годишниот Душан паднал во пекарска мешалица, која била вклучена во струја и бил усмртен на лице место.
Како што пишува српски Блиц, родителите на детето ја опремувале пекарата и биле присутни за време на несреќата.
Но иако биле присутни, детето во некој момент најверојатно ја дофатило големата пекарска мешалица, ја вклучило во струја, па се слизнало и паднало во неа.
На местото на несреќата веднаш дошла Итна медицинска помош, но од здобиените повреди детето починало на лице место.
Луѓето кои биле во близина сведочеле дека лелекот на родителите се слушал и било навистина непријатно.
Она што оваа трагедија ја прави уште поголема е информацијата дека несреќата прва ја видела неговата сестра.
-Слушнав како девојчето вреска „Тато, тато!“, а потоа како таткото лелека „Сине, сине…“ криковите на сестрата цела вечер ми ѕвонеа во уши и не заспав цела вечер, вели сосед.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата