Трагедија: Учела за испит, се пожалила на главоболка и за два дена починала!

Изабел Гентри (16) од Бристол во Велика Британија ненадејно починала откако добила силна главоболка, а лекарите со детелни испитувања по смртта заклучија дека боледувала од менингитис.
Таа два дена пред да умре се пожалила на социјалната мрежа твитер дека ја боли глава, но дека мора да учи. Следниот ден твитнала дека се вози со Брза помош.
Неколу илјади луѓе изразија сочуство за тинејџерката на социјалните мрежи, а многумина ја опишаа како добра пријателка која била „прекрасна, весела и пленела со неверојатна енергија“.
Бети Бути, сестрата на Изабела напиша на Фејсбук:
-Вчера мојат преубава сестра Изи Гентри почина. Срцето ми е скршено зошто знам дека нема да можеме да ги правиме работите кои ги планиравме. Двете мислевме дека ќе бидеме една покрај друга до крајот на животот. Одмарај во рајот моја пријателке, напиша Бети.
Ново на Сител
-

Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа
-

Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
