ТРАГЕДИЈА: Текстилна работничка во Штип почина на работното место
Педесет и осумгодишна работничка во турската фирма „Јаја Мезлер“ во Штип претпладнето починала на своето работно место.
Според лекарите, смртта на жената не е поврзана со топлото време, туку поради проблеми со срцето што таа ги имала подолго време. Техничкиот директор во „Јаја Мезлер“, Перо Димитров изјави дека раководството и работниците се потресени од несреќниот случај во нивната фабрика. Работничката починала околу 9 часот, кога заедно со две нејзини колешки се подготвувала за појадок.
– Седнале на масата да го земат оброкот и при разделувањето на оброкот, пред да почнат, дошло до слошување, нарушување на здарвствената состојба на работничката. Колешките ја придржале и веднаш ги повикале останатите работници и Брзата помош, која веднаш пристигна, рече Димитров.
Тој додаде дека поради срцевите проблеми раководството и овозможило да работи само прва смена, а во халите каде што се одвива процесот на ткаење на платното ги има сите услови за заштита на работниците.
– Ние имаме технолошка клима согласно технолошкиот процес за ткаење, таму температурата е измеѓу 20 и 23 степени и релативната влажност на воздухот е некаде околу 78 до 80 отсто. Значи, ова се идеални и благопријатни услови за работа, рече Димитров.
Штипската фабрика „Јаја Мезлер“ денеска веднаш по несреќниот случај го стопираше процесот на производство, а работниците и утре нема да работат.
Во Штип ова е прв случај текстилна работничка да почине на своето работно место.
Што се однесува на влијанието на високите температури, денеска Брзата помош на тројца пациенти им пружила медицинска помош, поради топлотни удари.
Ново на Сител
-
Малолетник се шетал со нож низ Чаир, полицијата го приведе
-
Приведено 33-годишно лице во Штип поради кражба
-
Градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ ќе поднесе оставка
-
Од утре дожд, на некои места пороен
-
Невреме и поплави во Италија
-
Во Битола пронајдено починато 46-годишно лице во куќа
-
Сиљановска-Давкова: Молкот го отвори патот за злото – мора да учиме од историјата
-
Српскиот премиер Вучевиќ ќе поднесе оставка